ПЕРО АНТИЌ, КИРЕ ЛАЗАРОВ И ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ, БРЕНД АМБАСАДОРИ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА Поддршката за македонскиот спорт на прво место
Задоволен сум од соработката со Видеолотарија, со која заедно минатата година претставивме нови спортски игралишта кои ги реновираше компанијата, во рамки на своите општествено одговорни цели, сакајќи да придонесе за создавање нови спортски таленти во иднина. Верувам дека оваа убава пракса ќе продолжи како убав спортски тренд за младите и оваа година - рече Кире Лазаров.
Спортските легенди Перо Антиќ, Кире Лазаров и Игор Стефановски Иџе, се бренд амбасадори на Видеолотарија оваа година, соопшти компанијата.
Вистинска реткост е да се видат заедно големите мајстори во својата професија, а токму денес Видеолотарија ги спои со цел да ги поддржи и во нивните нови спортски предизвици, но и во поттикнувањето на младите да ги препознаваат како свои спортски идоли.
На прес-конференција, Видеолотарија Касинос Австрија ги претстави своите амбасадори за оваа година, со кои ја продолжува својата пракса да го поддржува спортот и најдобрите спортисти од Македонија.
– Со задоволство информираме дека нашите бренд амбасадорите се претседателот на КФСМ Перо Антиќ, селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров и автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе – додаваат од Видеолотарија.
Кире лазаров изрази задоволство од соработката со Видеолотарија Касинос Австрија.
– Задоволен сум од соработката со Видеолотарија, со која заедно лани претставивме нови спортски игралишта кои ги реновираше компанијата, во рамки на своите општествено одговорни цели, сакајќи да придонесе за создавање нови спортски таленти во иднина. Верувам дека оваа убава пракса ќе продолжи како убав спортски тренд за младите и оваа година – рече Лазаров, кој веќе трета година е бренд амбасадор на Видеолотарија.
Игор Стефановски Иџе рече дека секоја сезона со Видеолотарија за него е нов предизвик.
– Со Видеолотарија сме заедно веќе неколку години и јас сум многу задоволен што го препознаа мојот потенцијал и со години заедно го градиме успехот. Еве и сега, верувам, заедно ќе се радуваме на мојот нов предизвик во новата сезона, која ќе почне на 15 и 16 април – сподели Игор Стефановски Иџе.
Претседателот на КФСМ Перо Антиќ изрази голема благодарност за поддршката која ја доби и за федерацијата, но и за оваа нова улога, како бренд амбасадор. Тој додаде дека се радува што токму нашата земја ќе биде домаќин на две првенства.
– Во текот на јули, на гости во Скопје, ќе ни дојдат 15 репрезентации кои се дел од ЕП за кошаркари под 20 години. Летово во нашиот главен град ќе ги пречекаме и селекциите кои се дел на кадетскиот Евробаскет, но и учесниците на еден од најголемите тренерски семинари, во коорганизација со ФИБА. Ова се значајни настани за кои Видеолотарија не поддржа, за што, како претседател на КФСМ многу сум благодарен – рече Антиќ.
Под мотото „Играј со најдобрите“ Видеолотарија вели дека ќе продолжи да ги негува заложбите за поддршка на македонскиот спорт и македонските спортисти и во иднина.