ПЕКОЛОТ ПРОДОЛЖУВА Температурите денеска до 39 степени, следуваат и над 40
Сончево време низ целата земја, а топлиот бран ќе се задржи до крајот на неделата со можни температури над 40 степени.
Сончево и многу топло време со температури до 39 степени се очекува денеска низ Македонија. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, додека во источните предели ветерот ќе биде од северозападен правец.
Утринските температури ќе се движат од 9 до 19 степени, а дневните ќе достигнат од 33 до 39 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево, топло и ветровито време. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Според прогнозите, топлиот бран што доаѓа од југ ќе продолжи до крајот на неделата. Дневната температура насекаде ќе биде над 33 степени, а на одделни места ќе надмине и 40 степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќта.