📽️ ПЕКОЛ ВО НОЌЕН БАР ВО БАНГКОК ОДНЕСЕ НАЈМАЛКУ 27 ЖРТВИ Луѓе врескале од тоалетите, бегале низ пламенот

Повеќе од 60 лица се повредени откако пожар зафатил преполн бар во округот Чатучак во Бангкок. Потресни снимки од трагедијата се појавија на социјалните мрежи. Премиерот на Тајланд изјави дека најголем дел од жртвите биле пронајдени во тоалетите додека се обидувале да се спасат од чадот и пламенот.

8

Најмалку 27 лица загинаа, а осуммина се во критична состојба во пожар што ноќеска зафатил бар во округот Чатучак во Бангкок. Повеќе од 60 повредени се префрлени во болници.

Истрагата е во тек.






– Првичните наоди укажуваат дека најголем дел од жртвите најверојатно починале од вдишување чад – изјави Суријачаи Равиван, директор на одделот за катастрофи во Бангкок.

Пожарникарите добиле повик кратко по полноќ. При пристигнувањето затекнале посетители кои се обидувале да избегаат низ влезот зафатен од пламен.

Снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат луѓе како врескаат и бегаат од запалената зграда, додека некои паѓаат во обид да се спасат. Според сведоци, пожарот избувнал во близина на сцената и за кратко време се проширил низ објектот.

 

Еден возач за локалниот весник „Дејли њуз“ изјавил дека ги забележал пламените околу 23:30 часот и скршил прозорци за да им помогне на две лица да избегаат.

Мотоциклистот Сурин Џаихарн за АФП раскажал дека спасил пет лица од барот.

– Скршен сум. Видов премногу смрт и не ја знам судбината на луѓето на кои им помогнав – рече тој.

 

 

Причината за пожарот сè уште се истражува, изјави премиерот Анутин Чарнвиракул.

 

– Тој ми кажа дека пожарот започнал кај прекинувачот и дека после тоа сè се случило екстремно брзо. Се слушнале експлозии и сите се обидувале да избегаат од чадот и пламенот. Многумина не успеале да излезат бидејќи истрчале кон задниот дел од зградата. Повеќето тела ги пронајдовме во тоалетите – рече премиерот, пренесувајќи сведоштво од музичар кој настапувал во моментот на пожарот.

На пожарникарите им биле потребни околу 30 минути за да го локализираат пожарот. Според досегашните бројки загинале 18 жени и 9 мажи.

Поврзани содржини