ПАТНИЦИТЕ НАВРЕМЕ СПАСИЈА ЖИВА ГЛАВА Се запали автобус во близина на патарината Отовица

Од Авто мото сојузот информираа дека од 17.25 часот, патниот правец А1 Велес-Скопје од Патарина Отовица се одвива по една лента поради гаснење на автобусот..

427

Попладнево на автопатот Велес–Скопје, автобус со прилепски регистарски таблички се запалил во близина на наплатната станица Отовица. Сите патници навреме го напуштиле автобусот и нема повредени.

Веднаш по пријавата на терен пристигнале екипи на Територијалната противпожарна единица, како и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес.






Според информациите дадени досега, пожарот избувнал додека автобусот се движел по автопатот, а причините за инцидентот засега не се познати. Надлежните служби работат на целосно локализирање на пожарот и расчистување на местото.

Од Авто мото сојузот информираа дека од 17.25 часот, патниот правец А1 Велес-Скопје од Патарина Отовица се одвива по една лента поради гаснење на автобусот.

Поврзани содржини