📽️ ПАНИКА КАЈ ГОЛФ-КЛУБОТ НА ТРАМП Два авиона влегле во забранетата зона, следела реакција
Американски борбени авиони морале да реагираат додека Трамп престојувал во својот клуб во Њу Џерси. Двата цивилни авиона биле идентификувани и изведени од ограничениот воздушен простор.
Два цивилни авиона влегле во привремено забранетиот воздушен простор околу голф-клубот на Доналд Трамп во Бедминстер, Њу Џерси. Американските воени власти испратиле борбени авиони Ф-16 за да ги пресретнат и да ги изведат од зоната.
Трамп во тој момент престојувал во својот приватен клуб за време на викендот.
Северноамериканската команда за воздушно-космичка одбрана потврдила дека станувало збор за два авиона од општата цивилна авијација.
Ф-16 се појавиле над Бедминстер
Борбените авиони ги идентификувале леталата и ги придружувале додека не го напуштиле ограничениот простор.
Американските воздухопловни власти не објавиле кој управувал со цивилните авиони ниту зошто пилотите влегле во зоната. Привремените забрани за летање редовно се воведуваат во областите каде што престојува претседателот на САД.
Kampfjet verfolgt Kleinflugzeug bei Trump-Golfplatz pic.twitter.com/P3aIrIu8RI
— Anonymous Albert Gruber🎭🍀 (@GruberAnonymous) August 10, 2026
Пилотите повторно предупредени
Слични нарушувања на воздушниот простор кај Бедминстер се случувале и претходно, најчесто со мали цивилни авиони.
По последниот инцидент американската команда повторно ги потсетила пилотите да ги проверуваат известувањата за привремени ограничувања пред полетување.