Отворен најголемиот трговски центар во регионот, „Галерија Београд“ (ФОТО)

Во овој објект ќе се  вработат околу 5.000 луѓе, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

1,975






Трговскиот центар „Галерија Београд“, најголем во регионот, на локацијата на Белград на вода, беше отворен денескa. Изградбата на објектот од 300.000 квадратни метри започна во 2017 година, а инвеститор е компанијата Игл Хилс од Обединетите Арапски Емирати.

Во „Галерија Белград“ има продавници, кафулиња, ресторани, два комплекси за забава, кино, како и 3.600 места за паркирање. Во овој објект ќе се  вработат околу 5.000 луѓе.

На отворањето на трговскиот центар присуствуваа претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, министерот за финансии Синиша Мали и претседателот на компанијата Игл Хилс, Мохамед Алабар.

Претседателот на Србија изјави дека критиките за проектот „Белград на вода“ доаѓаат од луѓе кои се плашат од промени и од политичари кои немаат идеи и соништа. Вучиќ рече дека ваквите критики се појавуваат секогаш кога се гради нешто ново.

Повеќе прочитајте ТУКА.

(Фотографии: ФБ профил на Синиша Мали)

Поврзани содржини
na