Останете дома, ама не самувајте!
„Во оваа состојба на пандемија со коронавирус потребна е физичка изолација и дистанцираност, но и зачувување на социјалната поврзаност и контактирање на безбеден начин. Не смееме да останеме сами со трауматичното доживување“, порачува Каролина Костадиноска, лиценциран клинички психолог гешталт терапевт од Центарот за психолошка помош и психотерапија „Синергија“.
Во актуелната состојба на пандемија со коронавирусот кај нас и во светот, Центарот за психолошка помош и психотерапија „Синергија“ и неговиот основач Каролина Костадиноска, лиценциран клинички психолог гешталт терапевт, веќе трета недела по ред со своите пациенти комуницираат онлајн.
„Лично за мене, онлајн терапијата не е ново поле на контакт со клиентот , што значи не ми потребно време за адаптирање на промената , туку веднаш сум на располагање со сите мои професионални ресурси за секој кој се сложува да ја добие помошта во модифицирана форма. Секако, и јас и клиените се сложуваме дека живиот контакт, лице во лице, е незаменлив елемент во средбите помеѓу нас, но oнлајн комуникацијата е одличен супститут кој нам, на психолозите, терапевтите ни овозможува да бидеме тука за нашите клиенти, без разлика какви се препреките и промените во надворешниот свет. Средбите преку монитор во современото доба станаа вообичаена практика за одржување на приватните и професионални релации посебно кога е во прашање просторна дистанцираност. За жал, сега преку COVID 19 ја откривме другата страна на интернетот, тој станува најбезбедниот достапен канал за поврзаност со светот во овие критични и вонредни услови на егзистирање“, вели Костадиноска.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pexels