ЈОРДАН СИМОНОВ СТАНА УМЕТНИЧКИ ДИРЕКТОР НА МНТ Има богато театарско и филмско искуство
Директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, денеска го назначи актерот-првенец Јордан Симонов за уметнички директор на Македонскиот народен театар.
– Имајќи ја предвид неговата долгогодишна актерска кариера, која започнува во 1989 година, како и неговото богато театарско и филмско искуство, како и режисерско, назначувањето претставува природен и значаен чекор напред – како за него како актер, така и за развојот и идните цели на институцијата – соопшти МНТ.
Неговото долгогодишно искуство и работата во различни жанрови – од драма, комедија и трагедија до мјузикл претставуваат значаен придонес во уметничкиот развој на МНТ и создавањето нови професионални и творечки импулси во работата со колегите и соработниците.
Јордан Симонов е актер кој има добиено голем број индивидуални награди за неговите улоги.