„ОПАСНА И НЕОДГОВОРНА БЛОКАДА НА ИРАНСКИТЕ ПРИСТАНИШТА“ Кина предупредува дека тоа ќе го влоши конфликтот
Кина ги повикува сите страни да го почитуваат примирјето, да останат посветени на дијалогот и мировните преговори.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Џиакун изјави дека Пекинг ја смета американската блокада на иранските пристаништа за „опасна и неодговорна“.
Џиакун рече дека и покрај привременото примирје договорено од релевантните страни, САД го зголемиле военото распоредување и вовеле насочена блокада, потег што би можел да го влоши конфликтот, да го поткопа кревкото примирје и дополнително да ја загрози безбедноста на пловидбата низ теснецот.
– Кина ги повикува сите страни да го почитуваат примирјето, да останат посветени на дијалогот и мировните преговори, да преземат практични чекори за намалување на регионалните тензии и што е можно поскоро да го вратат нормалниот премин низ теснецот – рече Џиакун, пренесе Ројтерс.