🎥 КИНЕЗ ПОГРЕБАН ЗАЕДНО СО НЕГОВИОТ ЛУКСУЗЕН „МЕРЦЕДЕС“ Тоа му била последна желба
Посебно внимание привлече регистарската табличка „8888“.
На социјалните мрежи се појави видео од необичен погреб во провинцијата Лјаонинг, Кина, каде што починат човек бил закопан заедно со својот луксузен автомобил „мерцедес“.
На видеото се гледа како црн луксузен „мерцедес“ се спушта во гробот со помош на багер, а потоа заедно со покојникот бил закопан како дел од погребната церемонија.
Возилото, кое во Кина се продава по цена од најмалку 1,1 милион јуани (околу 137.000 евра), било ставено во гробот во речиси непроменета состојба. На автомобилот била врзана црвена лента, по што бил затрупан со земја заедно со починатиот.
Посебно внимание привлече регистарската табличка „8888“. Во Кина, бројот 8 се смета за симбол на богатство и среќа, а ваквите таблички скапо чинат.
Локалната јавност е поделена околу случајот. Дел од луѓето сметаат дека станува збор за искрен чин на почит кон починатиот, кој ја имал таа желба пред да умре. Други го критикуваат настанот како претерано покажување богатство и екстравагантна погребна култура. Некои коментираат дека вакви сцени би можеле да привлечат и кражби.