ОД ГЛАМУР ДО ТРЕНЕРКИ Георгина Родригез прошета по црвениот тепих во Венеција со милионски накит, а си замина во лежерно издание

Новопечената сопруга на Кристијано Роналдо беше една од највпечатливите гостинки на филмскиот фестивал, а вниманието го привлече и со комбинација која чинеше далеку помалку од нејзините гламурозни фестивалски изданија.

105

Георгина Родригез ја напушти Венеција по неколкудневното присуство на 83. Филмски фестивал, каде што привлече големо внимание со своите модни изданија. На заминување, сопругата на Кристијано Роналдо беше забележана во лежерна комбинација, далеку од гламурот со кој се појави на црвениот тепих.






За заминувањето од Венеција Георгина избра едноставна и опуштена комбинација, со која покажа поинаква страна од својот стил. Претходно на фестивалот носеше Gucci, а на премиерата на „Mr. Nelson, Did You Kill People?“ се појави во темносин костум со длабоко деколте, надополнет со впечатлив накит од Chopard.

Нејзиното појавување на фестивалот беше особено следено бидејќи ова беше нејзино прво големо јавно појавување по свадбата со Роналдо. Двојката се венча на 11 август во Португалија, на приватна церемонија на која присуствуваа нивните пет деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FOErm (@fashion_oerm)

Во Венеција, сепак, најголемо внимание привлече нејзиниот накит. На црвениот тепих Георгина носеше парчиња од Chopard, меѓу кои впечатлива огрлица со 50-каратен дијамант, а вкупната вредност на накитот што го носеше се проценува на десетици милиони долари.

Нејзиното пристигнување во Венеција, пак, беше одбележано со комбинација која ги привлече љубителите на модата: кафена сатенска кошула, бели панталони со широки ногавици, високи потпетици и ретка Hermès Birkin Himalayan чанта. Според InStyle, станува збор за модел чија вредност се проценува на околу 200.000 долари.

Поврзани содржини