ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОБАРА ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА ЗА КРЕШНИК БЕКТЕШИ „Триестка“ се бара и за неговите најблиски соработници Размена Чекиќ Дурловиќ и Беким Хаџиу

Тие се први лица за кои се отвора истрага и се бара притвор од 30 дена, од поголемата група која досега има над 20 осомничени.

2,349

Јавното обвинителството побара 30- дневен притвор за поранешниот министерот за економија Крешник Бектеши, како и за други раководни лица од Министерството за економија, информираат извори во истрагата.

Меѓу оние за кои е побарана мерката е и државната секретарка Размена Чекиќ Дурловиќ и раководителот Беким Хаџиу.






Тие се први лица за кои се отвора истрага и се бара притвор од 30 дена, од поголемата група која досега има над 20 осомничени.

Претходно ваква мерка беше побарана само за 7-мината полициски службеници осомничени за случајот.

Синоќа во судот беа донесени и тројца поранешни градоначалници на општина Кочани

Поврзани содржини