📽️ ОБВИНИТЕЛИТЕ НА ТЕРЕН, БОЛНИЦИТЕ ПРИМААТ ПОВРЕДЕНИ Пожарот во дискотеката ја крена Македонија на нозе
Полицијата ги приведува сите лица кои на кој било начин се поврзани со организацијата на настанот, дознава Плусинфо од полициски извори.
Невидена трагедија ја потресе Македонија ноќеска, откако во преполната дискотека „Пулс“ во Кочани избувнал разорен пожар за време на настап на популарната македонска група ДНК.
Според полициски извори, во огнената стихија животот го загубиле најмалку 50 лица, додека бројот на повредени сè уште не е официјално познат. На настанот присуствувале околу 1500 гости, а првичните информации укажуваат на сцени на паника и хаос.
Полицијата ги приведува сите лица кои на кој било начин се поврзани со организацијата на настанот, дознава Плусинфо од полициски извори.
Министерството за внатрешни работи (МВР) активно работи на утврдување на причините за трагедијата, додека во тек е испрашување на сведоци и одговорни лица.
Надлежните служби работат на утврдување на причините за катастрофата.
„Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување“, велат од Обвинителство.
Според информациите дел од повредените околу 30 се задржани во болницата во Кочани, а околу 60 лица се препратени со возила во штипската болница.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов рече дека е веќе на терен со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како и со директорот на БЈБ Александар Јанев. Тој додаде дека засега не можат да излезат со точни бројки, но ќе испратат наскоро официјално соопштение. На пат кон Кочани утрово е тргнат и премиерот Христијан Мицкоски.
НАЈМАЛКУ 50 ЖРТВИ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ Ваква трагедија не се памети!
СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ВО КОЧАНИ Голем пожар во дискотека, има многу жртви!