НОВО ДЕНОНОЌИЕ СО НАСИЛСТВО ВО СЕМЕЈСТВО Пријавени 6 случаи, две лица се приведени

Случаи се пријавени во Куманово, Велес, Кавадарци и Скопје.

36

Две лица се приведени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во изминатото деноноќие во неколку градови низ Македонија.

Во Куманово, 23-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот невенчан партнер.

Во Велес биле приведени две лица. Полицијата привела 44-годишен велешанец, осомничен дека ја нападнал сопругата во семејниот дом, како и 28-годишен жител на градот кој им се заканувал на своите родители. За двата случаи бил известен јавен обвинител.

Во Кавадарци, 42-годишна жена пријавила дека добивала закани по телефон од нејзиниот поранешен партнер од прилепско село.

Уште еден случај бил пријавен во Скопје, каде 45-годишна жена од населбата Карпош пријавила дека била физички нападната од сопругот, кој употребил и тврд предмет.

Во друг случај во населбата Гази Баба, било пријавено дека малолетничка била физички нападната од мајката, а неколку дена подоцна и од таткото.

Полицијата информира дека се работи на расчистување на сите случаи, по што против осомничените ќе следуваат соодветни пријави.

Поврзани содржини