МАЈКА НАПАДНА НАСТАВНИЧКА НА РОДИТЕЛСКА Инцидент во училиште во Аеродром
Инцидентот се случил во училница за време на родителска средба, полицијата презема мерки.
Наставничка била физички нападната за време на родителска средба во основно училиште на подрачјето на Општина Аеродром во Скопје.
Според пријавата во полицијата, инцидентот се случил попладнето во училница, додека наставничката заедно со колешка одржувала родителска средба. Во еден момент, мајка на ученик физички ја нападнала наставничката.
Случајот бил пријавен во полиција во вечерните часови, а надлежните преземаат мерки за утврдување на сите околности и расчистување на настанот.