НОВА ЗАБРАНА НА ХАЛКИДИКИ Казна од 300 евра за сите што нема да ја почитуваат

Мерката важи од 08 до 20 часот во одредени шумски подрачја на Касандра, Ситонија и Аристотелис поради зголемена опасност од шумски пожари.

124

На Халкидики од денеска стапи на сила забрана за сообраќај и пешачење во одредени шумски подрачја поради висок ризик од шумски пожари.

Мерката ќе важи од 08 до 20 часот и се однесува на подрачјата на општините Касандра, Ситонија и Аристотелис, каде што индексот на опасност од пожари е во категорија 3.






Во периодот додека е на сила забраната, предвидено е и отстранување на возилата и лицата кои ќе бидат затекнати во подрачјата опфатени со мерката.

Локалните власти ги повикаа жителите и посетителите да ја почитуваат забраната и упатствата на надлежните институции.

За прекршување на забраната е предвидена глоба од 300 евра.

Поврзани содржини