НОВА ЕСКАЛАЦИЈА ВО ГАЗА Нетанјаху нареди проширување на офанзивата на 70 отсто

Израелскиот премиер најави проширување на воената контрола врз Појасот Газа на околу 70 отсто, и покрај прекинот на огнот постигнат со посредство на САД.

0

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денеска изјави дека ѝ наредил на израелската армија да ги игнорира ограничувањата од прекинот на огнот и да ја прошири контролата врз околу 70 отсто од Појасот Газа, пренесуваат израелски медиуми.

Прекинот на огнот, постигнат со посредство на САД во октомври 2025 година, ја воспостави таканаречената „Жолта линија“, со која околу 53 отсто од Газа останаа под израелска воена контрола.






Нетанјаху изјавил дека моментално Израел „држи Хамас под силен притисок“ и дека контролата постепено се зголемувала.

– Во моментов го држиме Хамас за гуша. Контролираме 50 отсто од територијата на Појасот Газа, а по примирјето отидовме на 60 отсто, а мојата директива е да одиме на 70 отсто – изјавил Нетанјаху.

Прекинот на огнот стапи во сила по две години војна, која започна на 7 октомври 2023 година, кога Хамас изврши напади во Израел.

И покрај договорот, судирите на теренот продолжуваат, а според извештаи од регионот примирјето се прекршува речиси секојдневно.

Од октомври досега, во израелските напади во Газа загинале повеќе од 900 Палестинци, додека околу 90 отсто од населението е раселено.

Повеќе од два милиони луѓе живеат во импровизирани и пренатрупани кампови, со сериозен недостиг на храна и основни услови.

Обединетите нации проценуваат дека обновата на Газа ќе чини над 35 милијарди долари.

Поврзани содржини