НОРВЕШКИОТ ФИЛМ ДОМИНИРА НА БЕРЛИНАЛЕ „Соништа“ на Јохан Хаугеруд освои „Златна мечка“
Претседателот на жирито, американскиот режисер Тод Хејнс, го опиша победничкиот филм како „медитација за љубовта“, оценувајќи дека е „уникатен, ироничен и со универзално влијание“.
Филмот Соништа (Dreams) на норвешкиот режисер Даг Јохан Хаугеруд ја освои главната награда „Златна мечка“ на 75. Меѓународен филмски фестивал во Берлин (Берлинале).
Претседателот на жирито, американскиот режисер Тод Хејнс, го опиша победничкиот филм како „медитација за љубовта“, оценувајќи дека е „уникатен, ироничен и со универзално влијание“.
Во конкуренција за престижната награда годинава беа 19 филмски остварувања.