НОРМАЛИЗИРАН Е СООБРАЌАЈОТ Нема забрани за тешки товарни возила на планинските превои
АМСМ информира дека и регионалниот пат Дебар- Маврово е исчистен.
Регионалниот пат Дебар – Маврово е пуштен за сообраќај, а укинати се и забраните за движење на камиони што беа воведени претпладнето на повеќе места низ државата поради снежни врнежи, информира АМСМ.
„Укинати се забраните за сообраќај на тешки моторни возила на: патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, на патниот правец Струга – Ќафасан, на планинскиот премин Стража и на патниот правец Кичево – Охрид на планинскиот премин Пресека“, се вели во информацијата.