НЕКТАРИНИ ИЛИ ОБИЧНИ? Праските штитат од стареење, ги чистат бубрезите и имаат антиканцерогени својства
Праските се одличен помошник за чистење на цревата, бубрезите, желудникот и црниот дроб од токсини. Дознајте дали се поздрави нектарините или обичните праски и по што се разликуваат најмногу.
Сега е нивната сезона. Праските може да се уживаат од јуни па до крајот на август.
По потекло се од Кина, а заедно со кајсиите, сливите, бадемите, вишните и црешите припаѓаат на фамилијата рози Rosaceae.
Царство на витамини и минерали
Околу 150 грама од ова овошје содржи само 58 калории, 14 грама јаглени хидрати, помалку од еден грам масти, еден грам протеини и два грама влакна.
Праските се богати со вода и имаат висока содржина на каротин.
Содржат витамини А, Б1, Б2, Б6, Ц и Е и разновидни минерали; калциум, калиум, фосфор, сулфур, железо, магнезиум, манган и бакар.
Покрај тоа, ова овошје е полно со антиоксиданти кои го штитат нашето тело од стареење и разни болести. Колку е посвежа и позрела праската, толку повеќе антиоксиданти содржи.
Осум здравствени придобивки од праските
Не треба да се занемарат ниту здравствените придобивки што ги обезбедуваат.
Но, важно е праската да е природна и да не се третира со разни пестициди и хербициди.