КОМАРЦИТЕ НАПАЃААТ Еве како да ги заштитите бебињата и децата и како да ги третирате убодите

Дознајте што сè можете да направите за да ги спречите убодите од комарци, но и како да му олесните на детето доколку сепак го каснат.

37

Иако најчесто не се опасни, убодите од комарци поради чешањето можат да бидат навистина непријатни, особено за малите деца, кои тешко ќе го контролираат нагонот за чешање. На местото на убодот може да се појават црвенило и плускавци, а кај почувствителните лица и кај оние со ослабен имунитет може да се јават и посериозни последици.

Реакции на убод од комарец






– На кожата може да се појави црвенило. Кај почувствителните луѓе се јавува посилно чешање, плускавци и изразено црвенило, а во најтешките случаи ткивото може значително да се стврдне. Кај децата и лицата со нарушен имунитет може да дојде до вакви потешки реакции, како и до зголемени лимфни јазли и покачена телесна температура. Многу ретко се јавува тешка алергиска реакција која може да доведе до шок и смрт. Таквите лица секогаш треба со себе да носат ЕпиПен – адреналинска инјекција за итни случаи – препорачуваат лекарите.

Комарците можат да пренесуваат маларија, жолта треска (за која во некои земји е задолжителна вакцинација), неколку видови енцефалитис (воспаление на мозокот) и денга треска. Сите овие заболувања главно се среќаваат во потоплите предели.

Иако нема причина за страв од овие посериозни последици, добро е да преземеме сè што можеме за да ги заштитиме бебињата и децата од комарци и да ги поштедиме барем од непријатното чешање.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини