ПОРАДИ ОВАА НАВИКА НА ПАЗАР МОЖЕТЕ ДА СЕ ОТРУЕТЕ Лекарите предупредуваат да не пробувате овошје и зеленчук додека пазарите
Иако многу купувачи имаат навика да пробаат јагода, цреша, грозје или парче друго овошје за да го проверат квалитетот на производот пред да купат, лекарите предупредуваат дека таквата практика може да претставува сериозен ризик по здравјето.
Со доаѓањето на потоплите денови и повисоките температури, ризикот од труење со храна се зголемува, особено на отворените пазари каде што овошјето и зеленчукот често стојат со часови изложени на сонце и високи температури.
Вируси, бактерии…
Имено, токму неизмиеното овошје и зеленчук можат да пренесат опасни бактерии, вируси и паразити кои предизвикуваат труење со храна и разни цревни инфекции. Децата, постарите лица, бремените жени и лицата со ослабен имунитет се особено изложени на ризик, за кои последиците можат да бидат многу посериозни.