НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ САКААТ ДА ГО ОЖИВЕАТ НАЦИЗМОТ ВО НОВА ФОРМА Ќе нема мир во Украина ако не се решат причините за конфликтот

Русија е заинтересирана за продолжување на преговорите за решавање на конфликтот со Украина врз основа на постојните договори со Соединетите Американски Држави, вели министерот за надворешни работи на Русија.

0

Долгорочно решение на конфликтот во Украина не е можно без да се решат основните причини на кризата, повтори министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

– Најважно е дека без решавање на основните причини за украинската криза, праведно и долгорочно решение е невозможно – рече Лавров на прес-конференција по разговорите со казахстанскиот министер за надворешни работи, Јермек Кошербаев.

Лавров додаде дека Русија е заинтересирана за продолжување на преговорите за решавање на конфликтот врз основа на постојните договори со Соединетите Американски Држави.

– Вчера, во телефонски разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, претседателот Владимир Путин ја потврди оваа наша позиција – изјави Лавров.

Тој оцени и дека воените дејствија на САД и Израел против Иран негативно влијаат врз состојбите во Каспискиот регион.

Товика и континуирано да се следи состојбата во Либан

– Важно е да не се изгуби од вид она што се случува во Либан, а особено ќор-сокакот што настана и од кој нема видливо излезно решение во врска со создавањето на палестинска држава – рече шефот на руската дипломатија.

Лавров предупреди дека некои европски земји упорно се обидуваат да го оживеат нацизмот во нова форма.

– Нема сомнение дека во сегашните услови, ова сеќавање (на победата во Втората светска војна) има не само историско, туку и практично значење, имајќи ја предвид упорноста на цела низа европски земји да го оживеат нацизмот во нови форми – нагласи Лавров.

Тој додаде дека една од најважните димензии на односите меѓу Русија и Казахстан е „сеќавањето на Големата патриотска војна“. Двете земји секогаш ја слават годишнината од победата во Втората светска војна заедно и организираат специјални настани во двете земји.

Лавров е во дводневна официјална посета на Казахстан.

Поврзани содржини