„НЕ САКАМЕ ДА БИДЕМЕ АМЕРИКАНЦИ“ Идниот премиер на Гренланд ја отфрли идејата на Трамп

Гренланд сака да се отцепи од Данска, но победниците на изборите, Демократската партија, сакаат тоа да се случи полека и постепено.

218

Идниот премиер на данската автономна област Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, ја отфрли идејата на американскиот претседател Доналд Трамп за американско преземање на огромниот остров во Арктичкиот круг, велејќи дека Гренланѓаните треба да одлучат за нивната иднина.

Гренланд сака да се отцепи од Данска, но победниците на изборите, Демократската партија, сакаат тоа да се случи полека и постепено.






Демократската партија која е наклонети на бизнис круговите, беше изненадувачки победник на вчерашните избори, оставајќи ги зад себе двете левичарски партии кои ја формираа претходната влада на Гренланд.

Бидејќи повеќето Гренланѓани се противат на желбите на Трамп да ја контролира нивната татковина, парламентарната кампања се фокусираше на здравствената заштита и образованието. Затоа, идеите на Трамп не беа на гласачкото ливче.

Но, Нилсен како шеф на демократите многу брзо се изјасни против идејата на Трамп, што беше повторена минатата седница на заедничката седница на американскиот Конгрес. Трамп притоа повтори дека на Америка и е потребен Гренланд за да ја заштити националната безбедност и дека, според неговите очекувања, тоа ќе се случи „на овој или оној начин“.

-Не сакаме да бидеме Американци. Не сакаме да бидеме Данци. Сакаме да бидеме Гренланѓани и сакаме да бидеме независни во иднина – изјави Нилсен (33) за британски „Скај њуз“ и додаде: „Сакаме да изградиме сопствена земја“.

На претежно замрзнатиот остров североисточно од Канада  живеат околу 56.000 лица, главно Инуити, а на него се наоѓа и една американска воена база, што служи за рано предупредување за пристигнување на интерконтинентални балистички ракети и за набљудување на вселената.

Поврзани содржини