НЕ ЈА ПУШТАЛ ЌЕРКА СИ ДА ИЗЛЕГУВА Велешанец чувал оружјеи куршуми во викендичка
По пријава дека ја малтретирал сопствената ќерка, полицијата откри оружје во домот на осомничениот велешанец и во викендичка на неговиот татко.
Велешанец е уапсен откако бил пријавен дека извесен период ја малтретирал својата ќерка, ѝ забранувал да излегува и поседувал оружје.
Како што соопшти МВР, при претрес во домот на 49-годишниот Г.А. бил пронајден пиштол „Застава“ со рамка и 13 куршуми, без соодветна документација, како и поголема сума пари.
По добиените сознанија, полицијата извршила претрес и во викенд-куќа во селото Капиново, сопственост на неговиот татко С.А. (74).
Таму биле пронајдени два пиштоли, 71 куршум, пет патрони и дрвен кундак со ременик, исто така без соодветна документација.
По претресот, приведен бил и неговиот татко.
Од МВР соопштија дека двајцата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.