НАПАДНАТА ВРАБОТЕНА ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА Скопјанка физички ја нападнала, па се нафрлила и врз полицаец

Вработената пријавила дека била нападната додека била на работното место, а од МВР најавуваат соодветен поднесок по целосното документирање на случајот.

44

Вработена во обезбедување на државна институција во Скопје пријавила дека била физички нападната од 48-годишна скопјанка, која потоа агресивно се однесувала и кон полициски службеник.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 13 август во 18:50 часот во СВР Скопје.






Четириесет и двегодишната Б.П. од Скопје пријавила дека околу 15:00 часот, додека била на работното место како обезбедување на влез во државна институција, била физички нападната од Е.П. (48) од Скопје.

Од МВР дополнително информираат дека Е.П. агресивно се однесувала и кон полициски службеник кој во тој момент преземал службени дејствија.

По целосното документирање на случајот, од СВР Скопје најавуваат дека ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани содржини