ПРВА ЖРТВА НА ПОЖАРОТ ВО ХРВАТСКА Најдено тело на пожариштето во Омиш

На местото каде што е пронајдено телото ќе се спроведе истрага, која ќе ја води надлежниот државен обвинител со помош на полицијата.

142

Хрватската полиција денеска околу 13:30 часот пронајде тело на едно лице за време на увидот на пожариштето во Омиш, соопшти Сплитско-далматинската полиција.

На местото каде што е пронајдено телото ќе се спроведе истрага, која ќе ја води надлежниот државен обвинител со помош на полицијата.






Досега не се објавени информации за идентитетот на починатото лице или околностите на смртта. Повеќе детали треба да бидат познати по увидот.

Голем пожар синоќа го зафари хрватскиот град Омиш. Повредени се 40 луѓе, од кои 7 критично. Изгореа повеќе објекти и автомобили, а дел од населението беше евакуирано.

ПО ПОЖАРОТ ВО ОМИШ 7 ЛУЃЕ СЕ НА РЕСПИРАТОР, МЕЃУ КОИ И МАЛОЛЕТНИЧКА Некои имаат изгореници на 60% од телото

Поврзани содржини