ЗАГИНАА 14 ЛУЃЕ ВО ВЕРИЖЕН СУДРИР ВО ОБЕДИНЕТИТЕ АРАПСКИ ЕМИРАТИ Меѓу жртвите има државјани на Оман, Индија, Бразил, Пакистан, Јордан и на Египет

Во несреќата учествувале 23 возила, од кои 5 камиони.

0

Четиринаесет луѓе загинаа, а десетици се повредени во верижен судар во Фуџаира, Обединети Арапски Емирати.

Министерството за внатрешни работи на ОАЕ соопшти дека несреќата ја предизвикал возач на камион, кој изгубил контрола и налетал на повеќе возила. Од силниот удар камионот се запалил, а огнот се проширил на неколку други возила.






Во несреќата учествувале 23 возила, од кои 5 камиони.

Полицијата во Фуџаира соопшти дека 30 луѓе се повредени и се примени во болница.

Mеѓу жртвите има државјани и на Оман, Индија, Бразил, Пакистан, Јордан и од Египет.

 

Поврзани содржини