НАПАЃАЧОТ ВО ЗАГРЕПСКОТО УЧИЛИШТЕ БИЛ РАСТРОЕН Се обидел да се самоубие пред една година

Хрватските медиуми објавија дека наставничката е оперирана и во моментов не е во животна опасност. Меѓу повредените има и 15-годишно момче кое моментално е на операција, но не е во животна опасност. Другите две деца се на возраст од 11 и 7 години и се полесно повредени.

253

Деветнаесет годишниот напач во основното училиште „Пречко“ во Загреб; кој уби едно дете, а неколкумина рани со нож; бил ученик во тоа училиште и моментално живее во близина на училиштето, изјави попладнево хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ.






– Шокирани сме од овие настани, 19-годишен млад човек влегол во училиштето и со остар предмет ги нападнал професорката и учениците. Едно дете починало, додека, пак, уште тројца повредени се испратени во медицински установи. Наставникот и напаѓачот се во болница и на сите лица им е укажана лекарска помош. Сторителот е 19-годишник кој бил ученик во тоа училиште и моментално живее во близина на тоа училиште – рече тој.

Насилникот бил совладан 10 минути по пријавувањето на настанот.

– Тој почнал да си нанесува повреди, исто така со нож. Се сокрил во блиските простории на Здравствениот дом. Полицијата го спречила да се самоубие – кажа министерот.

Според информациите на полицијата, лицето имало психички нарушувања. Пред околу една година тој се обидел да се самоубие.

– Тешко е да се каже дека личноста била психички урамнотежена – додаде Божиновиќ.

Министерот за образование, Радован Фукс, изјави дека детекторите за метал се непрактични во училиштата бидејќи проверката би траела со часови. Ова училиште, како што рече, има и видео надзор.

– Не станува збор за ученик или за терористички чин. Колку што знам, училиштето било отклучено и тој влегол – рече министерот.

Хрватските медиуми објавија дека наставничката е оперирана и во моментов не е во животна опасност. Меѓу повредените има и 15-годишно момче кое моментално е на операција, но не е во животна опасност. Другите две деца се на возраст од 11 и 7 години и се полесно повредени.

Министерката за здравство, Ирена Хрстиќ, претходно денеска изјави дека е згрозена од нападот и изрази сочувство до семејството на починатото дете, а за повредените рече дека се пренесени во болница и во овој момент сите се надвор од животна опасност.

Загрепската полиција извести дека утринава, нешто пред 10 часот, млад човек со остар предмет, можеби нож, повредил наставник и неколку ученици во воспитно-образовна установа „Пречко“.

„Напаѓачот е под надзор на полицијата. На повредените им се укажува лекарска помош“, соопштија од полицијата.

ЕДНО ДЕТЕ ПОЧИНА ВО МАСАКРОТ ВО ЗАГРЕБ, НАСТАВНИЧКА СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ Напаѓачот тргнал да се самоубива, полицијата го спречила

Поврзани содржини