НАД 2 МИЛИОНИ ЛУЃЕ СЕ ЕВАКУИРАНИ ВО ЈАПОНИЈА Кон островот се приближува опасен тајфун

Поради приближувањето на тајфунот Мекхал, во Јапонија се откажани повеќе од 200 летови, десетици железнички линии се суспендирани, а многу автопатишта се затворени. 

0

Во Јапонија денеска се евакуирани над 2 милиона луѓе поради приближувањето на тајфунот Мекхал, кој може да предизвика поплави и лизгања на земјиштето.

Тајфунот Мекхал претходно го погоди Тајван.






Поради обилните дождови и силниот ветер островот е парализиран, 6 милиони луѓе не работат, а училиштата се затворени.

Мекхал засега ослабна и сега е категоризиран како тропска бура и се доближува до јапонскиот остров Рјуку.

Во Јапонија се откажани повеќе од 200 летови, десетици железнички линии се суспендирани, а многу автопатишта се затворени.

 

Поврзани содржини