📽️ НАЦИСТИЧКИ БРОДОВИ „ИСПЛИВАА“ ОД ДУНАВ ВО СРБИЈА Германците ги потопиле пред повеќе од 80 години

Рекордно нискиот водостој на Дунав кај Прахово повторно ги откри остатоците од германски воени бродови намерно потопени во 1944 година за време на повлекувањето на нацистичките сили.

0

Екстремната суша и високите температури што ја зафатија Европа предизвикаа рекордно ниско ниво на водата во Дунав, поради што во близина на Прахово, во источна Србија, повторно се појавија остатоци од германски воени бродови потопени за време на Втората светска војна.

Станува збор за бродови што германските сили намерно ги потопиле при повлекувањето во 1944 година, со цел да не паднат во рацете на тогашната Црвена армија.






Поради значителното намалување на водостојот, делови од пловилата кои со децении беа под површината на Дунав повторно станаа видливи, создавајќи необична и впечатлива глетка.

Според информациите на Ројтерс, ваквата појава повторно го привлекла вниманието на јавноста, но и на експертите, бидејќи потопените бродови и денес претставуваат потенцијална опасност за речниот сообраќај, особено во периоди кога нивото на реката значително опаѓа.

Регионот кај Прахово е познат по големиот број потопени германски воени пловила, а нивните остатоци во изминатите години повеќепати стануваа видливи за време на долги сушни периоди.

 

Поврзани содржини