НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ОДАТ СО СВОИ СОВЕТНИЧКИ ЛИСТИ Алијанса и Таравари остануваат во коалиција со Вреди
За евентуално помирување и соединување со Зијадин Села, Таравари одговори „оваа куќа е голема и отворена, сите се добредојдени”.
Централното претседателство на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари вечерва одлучи да одат со свои листи за советници на претстојните локални избори.
Таравари на прес-конференцијата по завршување на сендицата рече дека остануваат во Вреди освен ако останатите коалициски партнери не одлучат да ги исклучат.
– Не излегуваме од коалицијата Вреди, излегуваме со наши листи за советници. За кандидатите за градоначалници не е дефинитивно. Не може четири-пет луѓе од Вреди да одлучуваат за кандидати за градоначалници без сондажи и анкети на јавното мислење – рече Таравари.
За евентуално помирување и соединување со Зијадин Села, Таравари одговори „оваа куќа е голема и отворена, сите се добредојдени”.