ЕДЕН ГО УДРИЛ СО ПУШКА ВО ГЛАВА, ДРУГ ГО УДИРАЛ ПО ТЕЛОТО, ТРЕТ ГО ИЗБОЛ 7 ПАТИ ВО ГРБОТ Шокантно сведоштво на мајката на нападнатото 14-годишно дете во Ченто

Мајката на детето, Џељана Селими не е задоволна од тоа како службите го третираат случајот, смета декакривичното дело не е насилство, туку обид за убиство, за што сторителите треба да одговараат.

5

Мајката на 14-годишното дете, кое беше избодено со нож пред десетина дена во Ченто, смета дека напаѓачите на нејзиниот син треба да одговараат за убиство во обид, а не за насилство, како што се води сега случајот со грозоморниот напад.

Џељана Селими вели дека нејзиниот син бил излезен во Ченто со своите братучеди и добил повик од другарите да се најдат во парк, но таму се сретнал со тројца возрасни мажи, кои веднаш почнале со навреди и насилство кон детето. а откако го претепале и 7 пати го изболе со нож, го оставиле да лежи во паркоот.






– Едниот го удрил со пушка во глава, вториот го удирал по целото тело, а третиот го избол со нож 7 пати во грбот – вели мајката Селими, во изјава за Телма.

Напаѓачите веднаш избегале од местото. Случаен минувач го видел детето и повикал брза помош и полиција.

Селими вели дека не е задоволна од тоа како службите го третираат случајот.

– Детето не се чувствува безбедно после тој инцидент, а ниту пак јас. Денеска е мое дете, а утре ќе биде некое друго дете. Не треба да се остави овој случај вака. Надлежните органи треба да го истераат до крај. Овој случај дефинитивно не треба да се води како насилство, ова е обид за убиство – вели таа.

Малолетникот е пуштен од болница. но живее во страв., исто како и неговото семејсто.

Мајката вели дека немал никакви недоразбирања и не знае што е мотивот за нападот.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека работат за разрешување на случајот.

„Полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Ј., В.А. и В.С. од Скопје затоа што на 22.6.2026 околу 23:05 часот на подрачјето на Гази Баба, физички нападнале малолетно лице и му нанеле повреди со остар предмет. Со нив се извршени службени разговори и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираат од МВР.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО 📽️ 14-ГОДИШНИК НАПАДНАТ ВО ЧЕНТО Му нанеле 7 убоди па избегале, го пронашол случаен минувач

Поврзани содржини