МУ ДИЈАГНОСТИЦИРАЛЕ АЛЦХАЈМЕР НА САМО 41 ГОДИНА Австралиски јутјубер ја споделува својата приказна

Смешно е затоа што всушност не се сеќавам на моите првични симптоми. Она на што се сеќавам се некои прилично големи дупки во мојата меморија, вели 41-годишниот Фрејзер, Австралијанец која ја споделува својата приказна за дијагнозата што му го променила животот, на Јутјуб

271

Една вечер седев пред екранот и гледав филм кога во еден момент партнерката ми кажа дека истиот филм сме го гледале пред само еден месец. Ништо не ми беше познато, всушност, крајот на филмот беше целосно изненадување за мене, како да го гледам за прв пат“, ја почнува 41-годишниот Фрејзер, австралиски Јутјубер, приказната за дијагнозата што му го променила животот. Ова биле првите посериозни предупредувачки знаци за ран почеток на Алцхајмеровата болест, која неодамна му била дијагностицирана на овој татко на две деца, иако, како што вели во видеото, суптилни знаци на болеста се појавувале уште во неговите триесетти.

„Смешно е затоа што всушност не се сеќавам на моите првични симптоми. Она на што се сеќавам се некои прилично големи дупки во мојата меморија“, вели Фрејзер во видеото.






Повеќе за ова (како и видеото) побарајте ТУКА.

Поврзани содржини
na