НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИЈА НЕОЧЕКУВАНА ПОМОШ ПРОТИВ АЛЦХАЈМЕР Евтина и безбедна аминокиселина би можела да биде моќно оружје против болеста
Научниците открија неочекувана помош против Алцхајмеровата болест: Едноставна аминокиселина би можела да стане неочекувано моќно оружје во борбата против Алцхајмерот
Нова студија сугерира дека аргининот, аминокиселина која веќе се смета за евтина и безбедна, би можела да помогне во борбата против Алцхајмеровата болест. Научниците откриле дека го намалува наталожувањето на токсични амилоидни протеини во мозокот, што е една од главните карактеристики на Алцхајмеровата болест, пишува Science Daily.
Во експерименти со животни, оралното земање аргинин ги намалило штетните наслаги, го подобрило однесувањето и го намалило воспалението во мозокот.
Алцхајмеровата болест е прогресивно мозочно нарушување и една од водечките причини за деменција во светот.
И покрај годините истражување, сè уште нема лек. Поновите третмани базирани на антитела кои го таргетираат амилоидот бета (Aβ) имаат ограничена ефикасност, скапи се и можат да предизвикаат несакани ефекти, истакнувајќи ја потребата за побезбедни и подостапни решенија.
Неочекувано решение од лабораторијата
Студија објавена во списанието Neurochemistry International дава интересни сознанија.