МОЖНИ СЕ РАЗГПВПРИ МЕЃУ МЕРЦ И ПУТИН Украина, САД и Европа во Абу Даби постигнале „разбирање за идните разговори“

Портпаролот на германската влада денеска соопшти дека откако во Абу Даби беше постигнато пошироко разбирање за идните разговори за Украина, можна е средба помеѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и рускиот претседател Владимир Путин.

0

– Сега имаме постигнато разбирање за пошироките контури. Ова разбирање во моментов се споделува со рускиот претседател. И врз основа на тоа, би можеле да се одржат разговори – наведе портпаролот, одговарајќи на новинарско прашање дали Мерц е подготвен да разговара со Путин.

Тој додаде дека разбирањето во Абу Даби е постигнато помеѓу европските, американските и украинските претставници, а не со Русија, и додаде дека овие принципи ќе влијаат на идните разговори.

ПРЕГОВОРИТЕ ВО АБУ ДАБИ ВО КЛУЧНА ФАЗА Проблем се териториите, Украина не прифаќа прекројување на Донбас

Поврзани содржини