МНТ СО „НАРОДЕН ПРАТЕНИК“ ЌЕ ГОСТУВА ВО БЕЛГРАД Претставата доживува успех и надвор од Македонија

121

Македонскиот народен театар со претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин, ќе гостува во Народно позориште – Белград.

– Претставата која е од најсвежата продукција на МНТ, го доживува својот успех и надвор од границите. Овојпат, директорот Никола Кимовски со особена чест го прифати ова гостување да се случи на 4 јуни 2025 година. Претставата со фантастичната актерска екипа ќе се одигра на сцената „Раша Плаовиќ“ – соопшти МНТ.

 

Поврзани содржини