ПОЧИНА РЕЖИСЕРОТ САШО МИЛЕНКОВСКИ Македонскиот театар остана без познатиот творец
Меѓу неговите најпознати претстави се „Балканот не е мртов“ и „Буре барут“ од Дејан Дуковски, како и „Тетовирани души“, „Црна дупка“ и „Баханалии“ од Горан Стефановски. Миленковски годинава ја доби наградата за животно дело на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Почина режисерот Сашо Миленковски, потврдија од Драмски театар – Скопје. Имаше 63 години.
Миленковски остави повеќе од 50 режии на театарски претстави во Македонија, регионот и во Европа. Кариерата ја започнал уште пред дипломирањето на Факултетот за драмски уметности, преку ангажман во проектот КПГТ во Суботица.
Режираше дела од Шекспир, Молиер, Достоевски и Бекет, а значаен дел од неговото творештво беше посветено на современата македонска драма.
Меѓу неговите најпознати претстави се „Балканот не е мртов“ и „Буре барут“ од Дејан Дуковски, како и „Тетовирани души“, „Црна дупка“ и „Баханалии“ од Горан Стефановски.
Во 1999 година Миленковски го основал театарот „Бабилон“. Од 2006 до 2010 година бил директор на Македонскиот народен театар, а потоа драматург во Драмски театар – Скопје.
Годинава ја доби наградата за животно дело на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.