Колегите и пријателите на македонски естраден пејач, текстописец и уметник Владо Јаневски со емотивни објави се збогуваат од него. Владо Јаневски почина вчера (28.06) на 66-годишна возраст. Според досегашните информации, пејачот починал во скопска клиника по кратко боледување.
Социјалните мрежи се преплавени со пораки од неговите фанови, но и од колеги музичари и други ѕвезди.
Игор Џамбазов искрено му се заблагодари за сè што направил:
„Збогум Владо… Понекогаш зборовите не се доволни. А понекогаш се излишни.
Слава ти! И ти благодарам за сè што направи“.
Каролина Гочева сподели неколку фотографии со ценетиот колега.
View this post on Instagram
„Владе мој, збогум со мојата најомилена песна од тебе… и никогаш нема да те заборавам…“
Весна Петрушевска остави емотивен коментар:
„На крајот ми стана сосема сеедно. Сфатив дека ништо на светот нема никакво значење. Луѓето живееја, се караа, се радуваа, страдаа, а мене сето тоа ми изгледаше бесмислено.
Постепено дојдов до уверување дека ништо не е важно и дека никогаш ништо нема да биде важно.“ Ова беше Владо низ целиот свој живот. Се пребројуваме изгледа“.
View this post on Instagram
Таа сподели и објава на Инстаграм, со видео и под него порака: „Шепни му на малиот горе дека нема веќе полско цвеќе. Ќе фалиш“.
Се огласи и Дарио:
„Јаневски, мајсторе, толку многу години заедно на сцена и толку многу работи сме поминале заедно, што би можел книга да напишам.
Некогаш се сложувавме, понекогаш и не, но исклучително многу се почитувавме како блиски колеги.
Ти мене Панковски, јас тебе Јаневски, така си се обраќавме кога ќе се видевме, к’о бајаги официјално, а у ствари со многу скриена близина и топлина. Ова беше пребрзо, шокантно, трагично и некако…нестварно. Нека Ти е вечна слава мој Јаневски, многу ми е жал, многу…“
View this post on Instagram
Ребека сподели стара фотографија од неа и Владо, направена на нејзиниот 24-ти роденден.
„Е тука си правевме планови, кај нас дома, во Чаир, на мојот 24-ти роденден. Ти ми кажа дека имаш хит песна за мене. И така бидна Мачо.
View this post on Instagram
Ти благодарам за музиката, дружбите и долгите дискусии за поезија и животот. Патувај кон прегратките на Господа. Царство небесно“, се вели во описот.
View this post on Instagram
Тијана Дапчевиќ сподели дека е скршена од болка:
„Другарче мое… мирно патувај кон вечноста. Многу ќе ѝ недостасуваш на твоја „Тијанисимо“… ме искрши“
Тамара Тодевска сподели фотографија од настап на Владо:
„Премногу направено, дадено и оставено… Стиховите на кој не остануваше рамнодушен ќе бидат потврда за твојата вечност и големина.
Ми беше чест што те познавав. Патувај мирно, драг мој Владо“.
View this post on Instagram