МЕЦА СЕ РАЗБУДИЛА И ПРАВО ВО ПЧЕЛАРНИК БН ВО ДИХОВО! Браќата Благој и Нацо велат дека мечката им ги јаде и медот и пчелите
Браќата Благој и Нацо Јовчевски кои се познати по нивниот Пчеларник БН во подпелистерското село Дихово, велат дека мечката им доаѓа веќе цел месец. Освен што јаде таму, си зема и рамки со мед, претпоставуваат, за нејзините мали мечиња
Во селото Дихово, под Пелистер, браќата Благој и Нацо Јовчевски речиси 20 години го градат својот Пчеларник БН и се борат за зачувување на македонската автохтона медоносна пчела. Познати се по медот на чиј вкус, очигледно, се навлекла и мечката која ги посетува подолго од месец.
Во нивниот пчеларник имаат два видови на мед и други производи кои се добиваат од пчелите, а препознатливи се и по нивниот АПИ туризам кој е доста добро развиен.
„Мечката е активна повеќе од 1 месец и во повеќе наврати доаѓа во пчеларникот, кадешто е и апи комората, а на 20 метри оттука е и куќата. Ама мечката нема гајле, си влегува во пчеларникот околу 21 и 30 или 22 часот и останува до доцна во ноќта. При секое влегување уништува по неколку сандаци со пчели јадејќи го медот и леглото (местото кадешто се раѓаат нови пчели).
Повеќе за ова на „Арт кујна“.