ОВАА НАВИДУМА ЗДРАВА УТРИНСКА НАВИКА МОЖЕ ДА БИДЕ ШОК ЗА ОРГАНИЗМОТ Медот не е најдобар избор на празен стомак

Стручњаците објаснуваат зошто времето кога го јадеме медот е исто толку важно како и неговата количина

0

Многу луѓе го започнуваат денот со лажица мед, уверени дека прават нешто добро за своето здравје. Но, експертите предупредуваат дека времето на консумирање на медот може да биде исто толку важно како и количината што ја внесуваме.

Медот со право се смета за една од најздравите природни намирници. Богат е со антиоксиданти, ензими и други корисни соединенија, но истовремено содржи и значително количество природни шеќери. Токму затоа начинот на кој го консумираме може значително да влијае врз нивото на шеќер во крвта.






Зошто не е добро да се јаде на празен стомак?

Според ендокринологот проф. д-р Срѓан Поповиќ, кој зборувал за порталот „Крстарица“, проблемот не е во самиот мед, туку во моментот кога се консумира.

Кога медот се јаде на празен стомак, шеќерите многу брзо се апсорбираат во крвотокот. Тоа доведува до нагло покачување на нивото на гликоза, поради што панкреасот мора одеднаш да лачи поголема количина инсулин.

Кај здравите лица организмот најчесто успешно ќе ја регулира оваа промена. Меѓутоа, кај луѓето со дијабетес или инсулинска резистенција, ваквото нагло покачување на шеќерот претставува дополнително оптоварување за организмот.

Повеќе за тоа како правилно да го консумирате медот, прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини