МАНАСТИРОТ ВО МАТКА ВО ПЕТОК СЛАВИ УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА Посетителите ќе бидат преземани со минибус од Полициската станица

Во дворот на манастирот традиционално се одржува и крводарителска акција, а за верниците се подготвува и манастирски ручек.

0

Во петок православните христијани го одбележуваат еден од најголемите празници денот на Успението на Пресвета Богородица. Одбележувањето на празникот во манастирот кај Матка посветен на Успението на Пресвета Богородица започнува на 27 август со вечерна литургија, а потоа се одржува сеноќно бдение. Утрото на 28 август Божествената литургија по повод празникот започнува во 8:30 часот, а со неа ќе чиноначалствува митрополитот австралиско-новозеландски Никола.

Верниците во манастирот почнуваат да пристигнуваат уште на 27 август во попладневните часови, а најбројни се на самиот ден на празникот. Ги има од секаде. Од Скопје и околината, а за локалните жители од Горна и Долна Матка, од Сарај и околината, за ѓорчепетровци… ова е традиција што не смее да се заборави.






Во дворот на манастирот традиционално се одржува и крводарителска акција, а за верниците се подготвува и манастирски ручек.

Она што е новина годинава, е што по повод Успението на Пресвета Богородица (28 август) за претстојната манастирска слава, ќе биде обезбеден дополнителен организиран превоз за сите верници и посетители до манастирот во Матка.

Покрај редовната автобуска линија бр. 60, ќе сообраќа и дополнителен автобус по потреба до Полициската станица Матка.
Оттаму, посетителите ќе бидат преземани со минибус до најблиската пристапна точка до манастирот.

Поврзани содржини