ИЗВРШЕНО ТРЕТО ВОНРЕДНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО ГАЗИ БАБА Опфатени се 24 населби

Со засилените превентивни активности продолжуваме и во следните денови, согласно состојбата на терен и препораките на надлежните институции, вели градоначалникот Бобан Стефковски.

0

Утрово во 3 часот завршија теренските активности за третото вонредно прскање против комарци на територијата на општина Гази Баба, информира градоначалникот Бобан Стефковски.

Во текот на ноќта екипите поминаа низ населбите Керамидница, Смилковци, Црешево, Стајковци, Сингелиќ, Ченто, Инџиково, Маџари, Триангла, Хиподром, Ергеле, Трубарево, Раштак, Булачани, Виниче, Брњарци, Гоце Делчев, Јурумлери, Идризово, Дрма, Колонија, Кирил Петрушевски, Автокоманда и Железара.






Акцијата беше реализирана во координација помеѓу Центарот за јавно здравје, Град Скопје и Општина Гази Баба, со заедничка цел – навремено и ефикасно превентивно делување за заштита на здравјето на граѓаните.

„Ова не е еднократна акција. Со засилените превентивни активности продолжуваме и во следните денови, согласно состојбата на терен и препораките на надлежните институции. Заштитата на животот и здравјето на граѓаните останува наш највисок приоритет“, вели Стефковски.

Поврзани содржини