МАКЕДОНСКИОТ ШМИНКЕР МАРЈАН ПЕТРОВ СЕ ЗАПОЗНАЛ СО АДРИАНА ЛИМА Роденденски подарок што не се заборава
Шминкерот од Македонија кој својот роденден го прославил со најблиските во Милано, на социјалните мрежи сподели фотографии со Адријана Лима и со американската пејачка Сијара, средби кои веројатно ќе ги запамети како најдобар неочекуван роденденски подарок
Македонскиот фризер и шминкер Марјан Петров роденденот годинава го прославил во Милано, но наместо само торта и подароци, добил и нешто што тешко се планира – случајни средби со две светски познати жени.
Петров на социјалните мрежи сподели фотографии од престојот во италијанската модна престолнина. На една од нив е со бразилската манекенка Адријана Лима. Покрај фотографијата напиша:
– Само еден опуштен момент со Адријана Лима.
View this post on Instagram
Изненадувањето продолжило само еден час подоцна. Петров објави уште една фотографија, овојпат со американската пејачка Сијара, која во моментов го очекува своето петто дете.
View this post on Instagram