МАКЕДОНИЈА ПРВА ГИ ДОБИ ПАРИТЕ ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА Може да користиме 52,4 милиони евра

Како дел од реформската агенда, македонската влада пред 10 дена испратила и барање до Брисел за ослободување на дополнителни средства 17,1 милиони евра за имплементација на реформите. 

309

Почна исплатата на првите пари од предфинансирањето во рамки инструментот за реформи и раст од ЕК. Првата транша за земјава е во висина од 52,4 милиони евра, односно 7% од вкупната вредност на финансиската поддршка која треба да ја добие земјава од 750 милиони евра, соопшти денеска на прес-конференција министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

-Земјава е прва од регионот која ги доби парите од Планот за раст – рече Муртезани.

Како што рече, Муртезани, сумата од 52,4 милиони евра 24,4 се веќе легнати на сметката на Министерството за финансии, 15 милиони се грант и се префрлени во Инвестицискиот фонд (WBF), а останатите 13 милиони евра се заем и се во процедура на исплата, а се исто така префлени во Инвестицискиот фонд.

Како дел од реформската агенда, македонската влада пред 10 дена испратила и барање до Брисел за ослободување на дополнителни средства 17,1 милиони евра за имплементација на реформите. Од нив 7,96 милиони евра се за директна буџетска поддршка, а останатите 9,11 милиони евра за инвестициски проекти преку заедничкиот фонд на инвестициската рамка за Западен Балкан.

– Овие средства ќе бидат достапни, откако Комисијата ќе заврши со оценката за исполнувањето на реформите за што на располагање има 90 работни дена – појасни Муртезани.

Тој додаде дека интензивно е работи на реализација на чекорите за исполнување на периодот до јуни годинава за чии активности се предвидени околу 70,6 милиони евра.

 

Поврзани содржини