МАКЕДОНЕЦ СО НОЖ НАПАДНАЛ СРБИН НА БРОД ВО ХРВАТСКА Полицијата во Пула истражува обид за убиство

Нападнатиот успеал да спречи потешки последици така што ја кренал раката за да се заштити, пренесуваат хрватските медиуми. Притоа се здобил со полесни повреди. Македонскиот државјанин бил предаден во притворската единица во Истра, додека се води истрагата.

0

Полицијата во Пула приведе 54-годишен државјанин на Македонија под сомнение за обид за убиство на 48-годишен државјанин на Србија.

Според полициските информации, инцидентот се случил на 13 јули околу 2.30 часот наутро на брод во Медулин. Истражителите наведуваат дека осомничениот зел нож и замавнал кон главата и кон стомакот на 48-годишникот додека се наоѓале на пловилото.






Нападнатиот успеал да спречи потешки последици така што ја кренал раката за да се заштити. Притоа се здобил со полесни повреди.

По завршувањето на кривичната истрага, македонскиот државјанин бил предаден во притворската единица на Полициската управа на Истра. Хрватската полиција соопшти дека против него се води истрага за обид за убиство.

 

Поврзани содржини