СЕ ПОСТАВУВА ИНТЕЛИГЕНТЕН ТРАНСПОРТЕН СИСТЕМ НА ПАТИШТАТА Постапката е почната на автопатот „Пријатели“

Се очекува ИТС да ги унапредат транспортните услуги, да обезбедат информации во реално време за патување, поголема безбедност преку употреба на напредни системи за предупредување и информации за состојбата на патиштата и несреќи во реално време.

1

За да се овозможи поставување интелигентни транспортни системи (ИТС) на патиштата во државата, што е обврска од реформската агенда направени се измени на  5 закони, информира денеска вицепремиерот Александар Николоски .

Тој рече дека активностите се спроведуваат во соработка со Делегацијата на Европската Унија во државата.






– Имајќи предвид дека едно од барањата во реформската агенда е воведување интелигентни транспортни системи (ИТС) во соработка со министерствата за внатрешни работи и за локална самоуправа, а во координација со Делегацијата на Европската Унија, веќе изменуваме пет закони, кои ќе овозможат воведување ИТС – изјави Николоски.

Во соработка со Светската банка, како и со грант од 13 милиони евра од механизмот за поддршка на Западен Балкан, потсети Николоски, веќе се работи за инсталација на паметни, односно интелигентни транспортни системи на Коридорот 10 за што е при крај постапката со Светска банката и со Европската Унија.

– Во следниот период ќе работиме и на Коридорот 8 – најави Николоски.

За поставување на ИТС на Коридорот 10, ресорното Министерство објави тендер за избор на изведувач, на кој пристигнаа понуди од шест странски компании.

Досега е изработена проектна документација за воведување системи за контрола на тежината на возила при движење (WIM), за контрола на движење возила што превезуваат опасен товар (HAZMAT) и за мерење загадување на воздухот по должината на Автопатот А1 (Е75) – Коридор 10.

Се очекува ИТС да ги унапредат транспортните услуги, да обезбедат информации во реално време за патување, поголема безбедност преку употреба на напредни системи за предупредување и информации за состојбата на патиштата и несреќи во реално време. Исто така, и да се намалат и времето на патување и емисиите на штетни гасови.

Поврзани содржини