ЛУКРОВСКИ НЕМА ПОДНЕСЕНО ОСТАВКА, НА БОЛЕДУВАЊЕ Е Општина Карпош ги демантира шпекулациите

Општина Карпош апелира до јавноста и до медиумите за разбирање и почитување на приватноста на градоначалникот и неговото семејство во овој период и информира дека согласно законот надлежностите привремено ќе ги извршува членот на Советот, Неделчо Крстевски.

375

Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски си има поднесено оставка. Тој, како што велат, во овој момент користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини, за што замолуваме за разбирање.

„Уверуваме дека Општина Карпош продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните“,  посочуваат од локалната самоуправа.

Нагласуваат дека согласно законските процедури, надлежности привремено ќе ги извршува членот на Советот, Неделчо Крстевски.

„Општина Карпош апелира до јавноста и до медиумите за разбирање и почитување на приватноста на градоначалникот и неговото семејство во овој период“, порачуваат од локалната самоуправа.

Поврзани содржини