Листа со најдобри земји за живот во 2020 година: Македонија е полоша од Гамбија, ама подобра од Франција (ФОТО)
Најдобро рангирана земја во регионот е Словенија, која се наоѓа на високото 11 место, Хрватска е на 26 место, Бугарија е на 28 место, Грција е 57 место, Црна Гора е на 69 место, а Босна и Херцеговина е на 79 место.
Институтот за економија и мир анализирал 163 држави во светот во кои живее 99,7 отсто од светската популација, со цел да ги одбере најмирните места за живот во 2020 година.
Листата на „Global Peace Index 2020“ се темели на три главни критериуми: социјална сигурност, количина на внатрешни и меѓународни конфликти, како и нивото на милитаризација.
Десет години по ред титулата за најмирна земја во светот се доделува на Исланд. Во таа држава живеат околу 365.000 жители, и таму не постои војска. Имаат ниска стапка на криминал, висока стапка на вработеност, импресивен образовен систем и систем за социјална помош. Дури 97 отсто од граѓаните се опишуваат себе како припадници на средна или висока работничка класа. Државата брзо реагираше и на првиот бран со коронавирусот, па веднаш ги затвори границите со цел да го спречи ширењето на болеста.
Нов Зеланд се наоѓа на второто место, а третото место ѝ припаѓа на Португалија.
Најголемиот број земји од списокот се од Европа. Заедно со Исланд и Португалија, на листата се наоѓаат и Чешка, Данска и Швајцарија. На шестото место е Канада, на седмото е Сингапур, а деветтото е Јапонија.
Најдобро рангирана земја во регионот е Словенија, која се наоѓа на високото 11 место, Хрватска е на 26 место, Бугарија е на 28 место, Грција е 57 место, Црна Гора е на 69 место, а Босна и Херцеговина е на 79 место.
Каде е Македонија?
Институтот за економија и мир ја смести нашата држава на 62 место на листата на најмирни земји во светот и ние имаме скоро исти бодови со Гамбија, со Гвинеја и со Мадагаскар. Интересно е тоа што зад нас е Франција, која е на 66 место, а многу зад нас се Украинја – 148 место, Турција – 150 место, Русија – 154 место, додека, пак, последните три места ги делат Ирак, Сирија и Авганистан.