ЛЕВИЦА И СДСМ БЕА СОГЛАСНИ СО ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК, A ПОТОА СЕ ПИШМАНИЈА Мицкоски вели дека ќе бидат прифатени новите забелешки
Дента кога требаше да се потпише предлогот и да се достави до пратениците, ставот на таа политичка партија беше дека тие нема да се потпишат, дека нема да го бојкотираат, нека си го донесат другите политички партии, но тие нема да се потпишат – рече Мицкоски.
Христијан Мицкоски, претседател на Владата во интервју во емисијата „Директно” на ТВ Телма истакна дека СДСМ и Левица непринципиелно се однесуваат во процесот за носење на новиот Изборен законик, бидејќи првично се согласиле и бил постигнат консензус за во последен момент да се пишманат и да калкулираат.
– Не дека ние како Влада не успеваме да создадеме, напротив, направивме се што можеме како Влада за да создадеме консензус и тој консензус во текот на викендот беше постигнат. Тука немаме никаква дилема. Но, она коешто е поважно, сите препораки од ОБСЕ/ОДИХР беа вклучени во рамките на реформата која што ја правевме во рамките со Изборниот законик. Она коешто ја прели чашата беше обидот на политичката партија Левица да калкулира по милионити пат на македонската политичка сцена, а потоа како по правило СДСМ го следеше нивниот пример и се обидоа преку филибастеринг, односно преку опструкција на носењето на Изборниот законик да истиот го блокираат. Се беше договорено, се беше потврдено, практично сите нивни барања беа вклучени во рамките на самиот изборен законик, а посебно кога станува збор за политичката партија Левица. Дента кога требаше да се потпише предлогот и да се достави до пратениците, ставот на таа политичка партија беше дека тие нема да се потпишат, дека нема да го бојкотираат, нека си го донесат другите политички партии, но тие нема да се потпишат. И тогаш се јави нормално дилемата, чекајте неколку месеци преговараме, записници, има автентични документи од овие преговори, ваши предлози коишто се прифатени, други предлози коишто се прифатени, внесени во текстот, завршени – истакна Мицкоски.
Што се однесува на барањата на СДСМ Мицкоски истакна дека доколку поднесат амандмани и тие ќе бидат прифатени и додаде дека единствено барање на ВМРО-ДПМНЕ е дијаспората во, како што рече, ера на вештачка интелигенција, да може да гледа на наредните претседателски избори електронски, бидејќи истите се поврзани со цензус, но исто така и да се намалат огромните трошоци за праќање претставници по ДКП-ата насекаде низ светот.
– СДСМ три работи вели. Прва работа е начинот на гласање. Да не се заокружувала бројката да се заокружувало името. Во ред. Нека поднесат амандман, одма ќе им го прифатиме, ако тоа е проблемот. Прво тоа не е наше барање, така што ние не подготвуваме изборен грабеж, има таму записници од состаноците, можат да прочитаат од записниците чиво барање е. Во делот на жалбата постизборна од страна на набљудувачите и овластените претставници, еве нека поднесат амандман, утре ќе им го прифатиме. И тоа не е наше барање, има и за тоа записници, слободно нека ги отворат записниците да видат чиво е тоа барање. Наше единствено барање е да може да се овозможи од следните претседателски избори по електронски пат да гласа дијаспората. Не од следните парламентарни, од следните претседателски избори, затоа што изборот на претседател е поврзан со цензус прво, а второ многу не чини кога праќаме од Македонија во ДКП-ата низ светот претставници коишто треба да бидат некаква изборна комисија и нашата цел беше да ги намалиме тие трошоци, да ѝ овозможиме на дијаспората електронски да гласа во ера на вештачка интелигенција, во ера кога впрочем имаме десетици такви примери во демократските земји ширум светот. Цениме дека дијаспората којашто контрибуира со дознаки во државата, од тогаш да важи и да се имплементира понатаму – изјави Мицкоски.